СЕМЕЈНА ДРАМА ВО СКОПЈЕ Млада девојка физички ја нападнала мајка си во домот
На 29 јануари, околу полноќ, 19-годишна девојка нападнала своја мајка во семејниот дом на Бит Пазар; полицијата веќе работи на расчистување на случајот.
19-годишна девојка физички ја нападнала својата 58-годишна мајка во нивниот семеен дом.
Жртвата пријавила дека нападот бил извршен со тврд предмет, а полицијата веќе презема мерки за расчистување на случајот.
Засега нема информации за причините за нападот ниту за состојбата на повредената жена.