СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ДЕЛЧЕВСКО 32 годишна жена од Албанија си го претепала сопругот
Случајот го потврдија од делчевската полиција и посочуваат дека жената ја товарат за физички напад врз нејзиниот сопруг.
По семејна расправија која се случила помеѓу брачни сопружници во делчевско село, приведена е триесет и две годишна жена од Република Албанија.
Случајот го потврдија од делчевската полиција и посочуваат дека жената ја товарат за физички напад врз нејзиниот сопруг.
– Полициски службеници од Полициската станица Делчево на 15.03.22 ја лишиле од слобода С.Ѓ. (32) од Република Албанија, со место на живеење во делчевско село, затоа што околу 18:00 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиниот сопруг – се вели во соопштението од полицијата.
По комплетирање на случајот против С.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава.