СЕМЕЈНА ДРАМА ВО АЕРОДРОМ Жена со тврд предмет го нападнала сопругот и му се заканувала со нож

73-годишен скопјанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од својата сопруга во нивниот семеен дом во општина Аеродром.

3,149

Во СВР Скопје синоќа во 19:30 часот бил поднесен извештај од 73-годишен скопјанец, кој пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга Г.Г. во нивниот семеен дом на подрачјето на општина Аеродром.

Според изјавата на оштетениот, расправијата меѓу брачниот пар ескалирала, по што жената употребила тврди предмети за да го нападне, а дополнително му упатила и закани со остар предмет.






„Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот,“ информираа од МВР.

Инцидентот го отвора прашањето за зачестените семејни насилства, кои полицијата најавува дека ќе ги третира со најголема сериозност.

Поврзани содржини