СЕЛСКА ИДИЛА Погледнете ја божиќната честитка на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам (ФОТО)

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон објавија фотографија која ќе ја краси нивната овогодишна божиќна честитка.

1,754

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон објавија фотографија која ќе ја краси нивната овогодишна божиќна честитка.

На официјалниот инстаграм-профил на принцот и принцезата од Велс, објавена е официјална божиќна честитка потпишана од Мет Портеус, фотограф на кралското семејство. Портеус е одговорен и за претходните портрети и божиќните честитки на кралското семејство.






Принцот Вилијам и принцезата Кејт на фотографијата се држат за рака со своите деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, а е направена во сончев ден оваа година, во Норфолк, во селска идила.

 


Целото семејство на фотографијата е во лежерно издание – принцовите Џорџ и Луис се облечени во кратки панталони и поло маици, слатката принцеза Шарлот носи тексас комплет, додека принцот Вилијам е облечен во комбинација од фармерки и темносина кошула Ралф Лорен.

Модна класика избра и принцезата Кејт, па темните тесни фармерки ги комбинираше со бела блуза и патики Superga. Белите платнени патики на популарниот италијански бренд се нејзин чест избор за лежерни пригоди.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини