СЕЛМАНИ ЗА ПРЕДЛОГОТ НА ФРАНЦИЈА Тие знаат доколку не е разумен, нема да помине кај нас
Селмани вели дека времето не работи за изнаоѓање „прифатливо европско решение за двете држави“.
Поранешниот министер за здравство, Имер Селмани, гостуваше во „24 анализа“ и зборуваше за спорот меѓу Македонија и Бугарија.
Селмани вели дека времето не работи за изнаоѓање „прифатливо европско решение за двете држави“.
– Со ова што се случува во Бугарија, може да се забележи дека актуелната влада нема поддршка во Парламентот. Не треба да ги подигнеме очекувањата дека и да имаме разумен предлог од Франција, тоа ќе вроди со плод. Исто така, се шпекулира без да се видат на хартија предлозите, односно дали бугарските барања ќе влезат во преговарачката рамка со ЕУ. Французите знаат дека, доколку е таков предлогот, тој нема да помине кај нас. Барањата на Бугарија се без аргументи и ЕУ не може да ги разбере – вели Селмани.