СЕЛМАНИ НЕ Е ИЗНЕНАДЕН ОД КРИЗАТА ВО БУГАРИЈА Според него таа е предизвикана од други сили

Селмани кажа дека не е изненаден од сегашната ситуација со политичката сцена во Бугарија која е под големо влијание. Исто така напомена дека не разбира и тој како и многумина што е спорот со Бугарија.

604

Политичкиот аналитичар и поранешен министер за здравство, Имер Селмани, вечерва во „Клик плус“ на ТВ21 рече дека не е изненаден од она што се случува на политичката сцена во Бугарија и дека кризата е создадена под влијание на други сили.

– Не само што одредени центри на моќ со руско или проруско влијание се против интеграција на регионот во НАТО, туку и во сите јавни анкети, за жал еден добар дел од населението ги одобруваат негаторските политики на бугарските влади. Едноставно се фаворизираат националистичките партии со националистички ставови, коишто не даваат простор за решавање на спорот. Никој од нас не го сфаќа и не го разбира тој спор. Спорот со Грција беше името на државата, географската одредница, античката историја и знаевме и живеевме додека не го решивме со саможртвување и со Преспанскиот договор – вели Селмани.






Тој посочи дека со Бугарија имаме стотици разни барања, коишто се прошируваат и наградуваат.

– Затоа не би поставил високи очекувања. Ние реформите, стандардот, со нашето менување, не ги правиме за Бугарија, туку за себе – рече Селмани во емисијата „Клик плус“.

Поранешниот министер посочи дека неодговорното однесување на Бугарија ја погодува и Албанија, чии граѓани страдаат и не може земјата да ги почне преговорите поради ветото кон Македонија.

– Не знам дали Бугарија има пари, веројатно нема пари како многу држави се погодени од криза поради високата цена на енергенсите. Тие имаат помалку приходи од буџетот, веројатно и немаат пари. Ние да работиме на нас, да функционираме како општество, реформите да продолжиме да ги направиме. Однесувањето на Бугарија не ја погодува само нашата држава, туку и Албанија. Нивното неодговорно однесување, мислам на политичарите, едноставно остава трајни последици врз бугарскиот народ, врз македонскиот народ и врз албанскиот народ – вели тој.

Селмани кажа дека не е изненаден од сегашната ситуација со политичката сцена во Бугарија која е под големо влијание. Исто така напомена дека не разбира и тој како и многумина што е спорот со Бугарија.

– Ништо не треба да не изненадува она што денеска го гледаме во Бугарија, каде политичката сцена е под влијание на сили, не само одредени центри на моќ со руско или проруско влијание се против интеграција на регионот во НАТО, туку во сите јавни анкети еден добар дел ги одобруваат негаторските политики на бугарските влади. Едноставно се фаворизираат националистичките партии со националистички ставови, кои не даваат простор за решавање на спорот. Никој од нас не го сфаќа и не го разбира тој спор. Спорот со Грција беше името на државата, географската одредница, античката историја, и знаевме дека не го решивме со саможртвување и со Преспанскиот договор. Тука со сите барања од Бугарија, ако ги прочитате, ќе наидете на стотици кои една со друга немаат некаква логика. Тие самите знаат дека нашата држава сето тоа ќе го прифатат. Затоа не би поставил високи очекувања – рече Имер Селмани.

Поврзани содржини