Селма Хаек со сончоглед на градите, фановите полудеа ФОТО

5,963

Холивудската актерка Селма Хаек покажа голема тетоважа со сончоглед над градите, а многу нејзини обожаватели се прашуваа дали е вистинска.

Но, 54-годишната актерка откри дека станува збор за фотографија од сетот на филмот „Блаженството“, кој од вчера е достапен на „Амазон прајм“.






Со фотографијата што ја сподели со своите 17,3 милиони следбеници, за што доби речиси 900.000 лајкови, актерката со тоа го рекламираше филмот во кој глуми со Овен Вилсон.

„Примамлива љубовна приказна го следи Грег кој, откако се разведе, а потоа доби отказ, ја запознава мистериозната Изабел, жена која живее на улица и е убедена дека загадениот, скршен свет околу нив е компјутерска симулација“, гласи синопсисот на филмот, кој досега има слаб рејтинг 5,0 на ИМБД.

 

 

 

Поврзани содржини