СЕЛМА ХАЕК ДОБИ ЅВЕЗДА НА БУЛЕВАРОТ НА СЛАВНИТЕ Актерката го покажа заносното деколте (ФОТО)
Сексапилната актерка на церемонијата во Лос Анџелес блеснала во црн фустан кој го истакна нејзиното длабоко деколте.
Холивудската актерка Селма Хаек во петокот доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, што е уште едно, многу важно признание за неа во нејзината блескава актерска кариера.
Актерката доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните, а таа чест им ја посвети на обожавателите кои ја охрабриле да ги следи своите соништа. На Хаек ѝ се доделува 2.709-та ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
Иако ѝ велеле да се врати на мексиканските серии и дека нејзиното место не е во Холивуд, Селма никогаш не се откажала, а љубовта кон филмот и годините исполнети со труд и работа конечно се исплатиле.
Селма на церемонијата во Лос Анџелес блеснала во црн фустан кој го истакнал нејзиното длабоко деколте. Актерката била придружувана од сопругот Франсоа Анри Пино и нивната ќерка Валентина.
– Им благодарам на сите мои обожаватели. Ако се прашувате кој ми даде храбрсот да издржам, одговорт е – ВИЕ. Иако не ме познаваа овде во Холивуд, Латиноамериканците во САД знаат која сум. Нив им беше јасно дека овде дојдов со истите соништа како и тие – рекла Хаек.
Чест ѝ оддале актерот и комичар Адам Сендлер и режисерката оскаровка Клои Жао, а на церемонијата присуствувал и градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм