Холивудската sвезда Сeлма Хаек важи за една од најатрактивните актерки во светот, иако е во шестата деценија. Таа не се плаши од стареење и го „носи“ најдобро што може. Така, деновиве, Селма одлучила да се покаже во вистинско светло на социјалните мрежи, без разубавување.
Атрактивната актерка позирала со необоена коса, со седи влакна, со што покажала дека и таа може да биде како сиот нормален свет.
„Во исчекување на промените, конечно се ослободив од израстокот“, напишала актерката покрај две фотографии, едната покажувајќи го нејзиниот природен изглед, а другата со свежо обоена коса и беспрекорна шминка.
Актерката неодамна призна дека омилени денови ѝ се кога воопшто не носи шминка, бидејќи тогаш се чувствува свежо. Во минатото, имала многу проблеми со самодовербата и не знаела како да се сака себеси, изјавила странските медиуми.
ФОТО: Инстаграм