СЕЛЕНА ГОМЕЗ ГО ИЗБРИША ВИДЕОТО ВО КОЕ ПЛАЧЕ ЗА МИГРАНТИТЕ Пејачката има обѕир за фановите поддржувачи на Трамп

Извори блиски до пејачката рекле дека причина за повлекувањето на видеото е стравот дека ќе изгледа „слабо“ и дека тоа може да ги оддалечи републиканските поддржувачи на нејзиниот бренд „Рер бјути“.

333

Светската ѕвезда Селена Гомез неодамна сподели видео во кое низ солзи зборуваше за имиграциската политика на Доналд Трамп и депоратцијата на речиси 1.000 мигранти кои се случи минатиот викенд, но само неколку часа подоцна го избриша.

Според извор на „Дејли мејл“, Гомез брзо ја повлекла објавата бидејќи не сакала да влезе во политички конфликт.






– Таа сфати дека не може да се спротивстави на нација во која голем дел од населението поддржува Републиканци – многумина од нив се нејзини лојални клиенти. Не сака да ги оддалечи од себе – вели изворот.

Извори блиски до пејачката рекле дека причина за повлекувањето на видеото е стравот дека ќе изгледа „слабо“ и дека тоа може да ги оддалечи републиканските поддржувачи на нејзиниот бренд „Рер бјути“.

Еден од поддржувачите на Трамп, Сем Паркер, дури побара Гомез да биде депортирана, нарекувајќи ја „потомок на нелегални имигранти“.

Иако нејзиното последно видео предизвика бурни реакции, Гомез испрати уште една порака по неговото бришење:

„Очигледно не е во ред да се покаже емпатија за луѓето“, напиша таа.

 

Поврзани содржини