Селекторот на Германија по поразот од Франција: Не го обвинувам тимот, момците дадоа сè од себе

Германија во второто коло ќе игра со Португалија, додека Франција ќе се соочи со Унгарија.

365

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар на ЕП 2020 против Франција (0:1).

– Се покажа дека е навистина напнат натпревар, и ние се боревме во него до самиот крај. Не можам да го обвинам тимот, затоа што момците дадоа сè себе. Имаше сегменти од натпреварот во кои можевме да го зголемиме притисокот кон голот на противникот, но не создадовме поволни шанси – истакна Лев.






Германија во второто коло ќе игра со Португалија, додека Франција ќе се соочи со Унгарија.

Поврзани содржини