СЕЛЕКТОРОТ МИЛЕВСКИ ГО ЗАСИЛУВА НАПАДОТ Кире Марковски повикан за дуелите со Исланд и со Романија

Селекторот Благоја Милевски ќе смета на 26-годишниот Марковски, кој има пет настапи во репрезентативниот дрес, за дуелите против Исланд на гостински терен в недела, и против Романија во Скопје, идната среда.

233

Крилниот напаѓач на вицешампионот Шкупи, Кире Марковски, дополнително е повикан во македонската фудбалска репрезентација за претстојните два септемвриски квалификациски натпревари за пласман на Мундијалот 2022 во Катар.

Селекторот Благоја Милевски ќе смета на 26-годишниот Марковски, кој има пет настапи во репрезентативниот дрес, за дуелите против Исланд на гостински терен в недела, и против Романија во Скопје, идната среда.






Македонскиот состав вчера одигра нерешено без голови против Ерменија во рамки на четвртото коло во квалификациската група Ј, во премиерниот натпревар под водство на новиот селектор Милевски.

Поврзани содржини