Селекторот Лино Червар даде оставка по поразот од Аргентина

791

Поразот на Хрватска од Аргентина на Светското првенство е причина за оставка на селекторот Лино Червар. По овој пораз, Хрватска е на работ од елиминација од Мундијалот.

– Изненаден сум колку лошо одигравме. Ја преземам одговорноста, а на челниците на федерацијата им порачувам дека е време да бараат нов селектор. Цели 20 години се создаваше оваа репрезентација да се бори, а сега ништо од тоа немаше. Многу сум разочаран. Нека биде ова поука за сите оние кои доаѓаат. Јас ќе дадам поддршка за новиот селектор и на репрезентацијата, но вакви работи не смеат да се случуваат – рече Червар.

 

Поврзани содржини