Села се солидаризира со Бугарија во борбата против шпионите
Лидерот на Алијансата за Албанците, како што напиша на својот фејсбук провил, е солидарен со официјална Софија која, според него, се соочува со невидена операција за шпионирање од Русија.
Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села за прв пат од почнувањето на заострувањето на односите меѓу земјава и Бугарија, денеска го прокоментира разбивањето на шпионската група која соработувала со Русија од страна на бугарските власти.
Тој, како што напиша на својот фејсбук провил, е солидарен со официјална Софија која, според него, се соочува со невидена операција за шпионирање од Русија.
„Целосно се солидаризирам со нашиот сосед, Република Бугарија, која се соочува со невидена операција за шпионирање од Русија.
Овој настан ја покажува важноста од спроведување на целосен безбедносен ветинг за земји како Република Северна Македонија, кои особено се однесуваат на злонамерни странски влијанија. Без ваков ветинг, не можеме да ја гарантираме ниту сопствената безбедност, ниту нашите сојузници како САД, ЕУ и НАТО“, пишува Села на Фејсбук.