Села: Правен тим ќе најде модалитет за одложување на изборите

341

За Алијанса за Албанците нормално е дека една од целите на политиката е безбедноста на граѓаните и поради тоа се согласиле изборите да се одложат.

Лидерот на Алијансата Зијадин Села по лидерската средба кај шефот на државата Стево Пендаровски рече дека правен тим под покривителство на претседателот на државата  уште денеска треба да се состане за да изнајде модалитети за одложување на изборите.






– Без здравје неможе да има безбедност. Донесовме одлука да се одложат изборите. Изборите ќе се одложат, но формата како да се направи тоа ќе ја изнајде експертскиот тим кој ќе се сотане во текот на денот. Апелирам до владата која е ангажирана за проблемите со пандемијата на коронавитусот. Има две жаришта каде е ограничено движењето на граѓаните. Владата да биде повнимателна бидејќи покарј формите за ограничување на движењето има граѓани кои се хронично болни тие треба да бидат снабдени со лекови и со храна – рече Села.

 

Поврзани содржини