Села: Патот Тетово-Јажинце и жичницата на Попова Шапка ќе станат реалност

252

Носителот на листата на кандидати за пратеници на коалицијата АА – ААА во шестата изборна единица, Зиадин Села, заедно со другите кандидати од оваа област, оствари средба со жители на Дреновец во Тетово. Пред жителите, Села објасни како програмата „Држава за сите“ ќе успее да донесе 500 милиони евра инвестиции за ревитализација на населбите каде мнозинство се Албанците.

– Патот Тетово – Јажинце е пат на кој секојдневно возат над 9 илјади возила. Додека инвестициите одат на експресни патишта и автопати во Источна Македонија, каде просечниот сообраќај е само 3 илјади автомобили на ден. Со 9 илјади автомобили дневно што се движат и даноците и акцизите што ги плаќаат за горивото што го трошат овој пат може да се направи. Некој ги краде нашите пари. Имавме претставници кои не го штитеа албанскиот данок – рече Села.






Тој зборуваше и за Попова Шапка и за нејзината деградација од страна на сегашната влада. Овој туристички центар со програмата „Држава за сите“, ќе биде ревитализиран и ќе биде голема помош за планините и општо за тетовци, бидејќи ќе ја одржи економијата жива во овој регион.

– Гарантираме дека туристичкиот центар Попова Шапка ќе биде ревитализиран многу брзо. Жичарницата ќе биде реалност многу скоро, за Тетово и за сите Албанци затоа што таа област дефинитивно ќе мора да оживее, за да се одржат работните места, но и Тетово со економски развој – истакна  Села пред жителите на Дреновец во Тетово.

 

Поврзани содржини