СЕЛА ОСТАНУВА НА ЧЕЛО НА АА НАЈМАЛКУ ДО КОНГРЕСОТ ВО МАРТ Ќе ја „проголтам“ мојата одговорност (ВИДЕО)

Поднесувањето оставка во оваа ситуација би ја оставело партијата без претседател. Има политички случувања и јас во никој случај не би ја играл играта на оние кои не ѝ посакуваат добро на Алијанса за Албанците, а тоа се политичките опоненти. Јас сум должен да го „проголтам“ овој дел од одговорноста и да продолжам да бидат претседател на партијата сè до наредниот конгрес, вели Села.

646

Зијадин Села нема да поднесе оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците, барем не до одржувањето на Конгресот на партијата на 27 март догодина, јавува ТВ21. За време на Централното собрание на партијата, денес тој рече дека како лидер има одговорност пред структурите и дека не може да ја остави партијата без претседател во ваков период на политички настани.

На прашањето дали повторно ќе се кандидира за прв човек на Алијанса, Села изјави дека за тоа ќе одлучат партиските структури.






– Поднесувањето оставка во оваа ситуација би ја оставело партијата без претседател. Има политички случувања и јас во никој случај не би ја играл играта на оние кои не ѝ посакуваат добро на Алијанса за Албанците, а тоа се политичките опоненти. Јас сум должен да го „проголтам“ овој дел од одговорноста и да продолжам да бидат претседател на партијата сè до наредниот конгрес – вели Села.

Села исто така рече дека владината коалиција на чело со новиот мандатар Димитар Ковачевски можеби има уставно право за формирање нова Влада, но нема легитимитет.

– Ковачевски не може да има никаков легитимитет, поради самиот факт што токму Зоран Заев победи на изборите со ветувањата и програмите што ги даде. Легитимитет немаат ниту Али Ахмети и ДУИ кои изборите ги добија во 2020 година со само едно ветување – ветување за премиер Албанец за четири години, со промовирање фигури и импровизирање владини состаноци. Алтернатива не може да има легитимитет, бидејќи заедно со Алијанса за Албанците доби мандат да направи промени во албанското општество – рече Села.

Алијанса за Албанците го одржа Централното собрание каде членовите расправаа за извештајот од локалните избори што се одржа годинава и формирањето комисија која ќе биде одговорна за организирање на партискиот конгрес кој се очекува да се одржи на 27 март. Села додава дека Алијанса за Албанците пролетта треба да ја дочека со завршен конгрес и консолидирани партиски органи.

Поврзани содржини