СЕЛА НЕГИРА ДЕКА КОМУНИЦИРА СО МЕЏИТИ Тврди дека нема да влезе во Владата

Уште еднаш повторувам, ги мерам моите достигнувања во политиката според тоа колку сум придонел за тоа Албанците да бидат порамноправни, а не според привилегиите на власта, објави лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

692

Зијадин Села, претседател на едното крило на Алијансата за Албанците, кое е дел од коалицијата НАИ негира дека разговара со вицепремиерот Изет Меџити, кој е еден од лидерите на коалицијата Вреди, за влез на АА во Владата.

„Политичката сцена е толку измешана, рече Изет, и тој не знае со кого комуницирал… Лагата е измешана, Изет, пропагандата и невистината. Вистината е секогаш чиста и неизмешана, таа е само една и не може да има две или повеќе. И оваа вистина звучи вака, Изет! Ти во комуникацијата со мене НЕ. Јас дел од владата НЕ. Јас на страната на оние кои сакаат да ги поништат нашите права како народ НЕ. Уште еднаш повторувам, ги мерам моите достигнувања во политиката според тоа колку сум придонел за тоа Албанците да бидат порамноправни, а не според привилегиите на власта. Ќе имаме работа заедно во Парламентот со вас и со ВМРО. Како и секогаш, власта од едната страна, а јас од другата. Не еден до друг, туку лице в лице“, објави Села.






Меџити вчера во гостување на ТВ 21 рече дека не ја негира можноста Села да влезе во Владата бидејќи политичката сцена кај албанските партии сега е „измешана“.

– Не го негирам тоа. Може да биде – рече Меџити.

На прашањето дали има некаков разговор тој одговори:

– Комуницираме. Политичката сцена стана толку измешана, се случија многу турбуленции додека не се формираа два табора. И мислам дека сè уште ќе има турбуленции – рече Меџити.

Поврзани содржини