Села: На добар пат сме да го решиме прашањето со државјанството
Лидерот на Алијанса на Албанците не даде детали околу договореното во врска со Законот за државјанство.
На добар пат сме да го решиме децениското прашање на граѓаните кои немаат државјанство, рече Зијадин Села од Алтернатива на Албанците, по средбата со премиерот Зоран Заев.
И тој како и Заев не даде детали од договореното.
– Имаме цел сите граѓани да не останат без државјанство и еднаш за секогаш да го решиме проблемот. На добар пат сме за конечно решение. Се надевам дека многу брзо на почеток на следната недела ќе излеземе заедно со нашиот последен и финален став, кој ќе биде достапен и за јавноста да се знае кои се прашањата за кои сме се согласиле, секогаш водејќи се од идејата дека е важно да се реши проблемот, а не да говориме добри и големи зборови – рече Села.
Тој додаде дека во принцип секој човек кој е роден во земјава е нејзин државјанин.