СЕЛА КАЖА „ДА“ Алијанса за Албанците даде поддршка за францускиот предлог
Патот кон ЕУ оди преку преговори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење, Алијанса е важна на овие линии, ние сме главни чинители кои ги почнавме овие промени за да бидеме членка на НАТО, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, денеска по средбата со премиерот Димитар Ковачевски рече дека тој и неговата партија го поддржуваат францускиот предлог.
– Патот кон ЕУ оди преку преговори кои треба да се постигнат со земјите на ЕУ. Нема двоумење, Алијанса е важна на овие линии, ние сме главни чинители кои ги почнавме овие промени за да бидеме членка на НАТО. За да бидеме побезбедни во оваа криза во Украина, затоа и зачленувањето на Македонија во ЕУ има геополитичко значење. Затоа политичарите треба помалку да размислуваат за политички поени, туку да размислуваат за регионот да биде постабилен – рече Села.