СЕЛА И ЛОГА ИМААТ ВРЕМЕ ДО САБОТА ДА СЕ ПРЕМИСЛАТ Таравари прифаќа да им го даде печатот, ама само за самостоен настап на изборите

Има време до сабота, ако случајно се премислат, ќе ги добијат печатите на АА за пратенички листи за самостоен настап, соопшти ВРЕДИ.

443

Зијадин Села и Кренар Лога смислиле евтино алиби зошто ќе одат спротивно од волјата на мнозинството Албанци, реагираше албанската опозициска коалиција ВРЕДИ преку соопштение.

„Арбен Таравари јавно ѝ ги понуди печатите на Алијанса на Албанците ако навистина се определени за самостоен настап на изборите. Зијадин Села не се изјаснува за оваа понуда бидејќи ние знаеме дека одамна е договорен да служи исклучиво на интересите на Али Ахмети. Затоа и го направи расколот во АА. Искрено жалиме што Села и Лога ги ставија личните пред интересите на Албанците кои јасно и недвосмислено се определени да ја испратат ДУИ во опозиција. Има време до сабота, ако случајно се премислат, ќе ги добијат печатите на АА за пратенички листи за самостоен настап“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини