Села и Гаши наместо во ДИК на ручек во Струга со новите пратеници, без маски

7,955

Додека Државната изборна комисија (ДИК) чекаше претставници од коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива да ги подигнат уверенијата за новите пратеници, пратениците од двете партии биле на заеднички ручек во Струга. Уверенијата полладнето биле подигнати од претставници на двете партии, информираше ДИК.

Работна средба во Струга со парламентарната група на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, се пофали на Фејсбук лидерот на Алијансата Зијадин Села.






Од фотографијата може да се забележи дека новите пратеници на работната средба не носат заштитни маски.

Takim pune në Strugë me grupin parlamentar të koalicionit ASH & AAATASH ËSHTË KOHA!

Ziadin Sela 发布于 2020年7月25日周六

 

Поврзани содржини