Села и Гаши маршираат против изборен фалсификат, а маските завршија под брада или в џеб ВИДЕО

868

Зијадин Села и Африм Гаши, лидерите на Алиајнсата на Албанците и на Алтернатива вечерва излегоа на протест заедно со нивни сопартијци и симпатизери низ скопските улици за да изразат незадоволство и револт поради, како што велат, изборен фалсификат на предвремените парламентарни избори.

Очигледно е дека на протестот кој се одржува во време кога во Македонија не стивнува опасната зараза, ниту се намалува бројот на новозаразени од коронавирусот, само делумно се почитува обврската за носење заштитни маски, а дистанца, ретко кој одржува, како што може да се види и од снимениот материјал од ТВ 21. Голем е бројот и на оние граѓани на протестот, кои маската ја носат, како декорација, под брада.






Маршот од паркот Чаир во Скопје ќе помине пред Владата, а планирано е да заврши пред канцелариите на делегацијата на Европската унија.

Коалицијата на Алијанса и Алтернатива освои 12 пратенички мандати на изборите на 15 јули, три помалку од ДУИ.

Поврзани содржини