Телевизијата Клан Македонија ексклузивно дознава дека Судот во Тетово донел одлука печатите на партијата Алијанса за Албанците да припаднат на Зијадин Села, а не на Арбен Таравари.
По поделбата помеѓу Села и Таравари, тие одлучија да заминат по различен политички пат, едниот во коалиција со Али Ахмети, а другиот со опозицијата на партиите на Албанците.
Судскиот спор помеѓу двете групи за печатите на партијата и по оддржаните два паралелни конгреси заврши денеска со одлуката на судот печатите на Алијанса за Албанците да припаднат на Зијадин Села, објави телевизија Клан.