СЕЛА ГИ ЧЕСТИТАШЕ ВЕЛИГДЕНСКИТЕ, НАМЕСТО БОЖИКНИТЕ ПРАЗНИЦИ Таравари се згази од смеење (ВИДЕО)
Сакам да ви ги честитам сите верски празници, велигденските празници, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, по што присутните го корегираа дека станува збор за божикни празници.
Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, денеска на прес-конференција по грешка ги честиташе велигденски празници наместо божикните.
– Сакам да ви ги честитам сите верски празници, велигденските празници – рече Села, по што присутните го корегираа дека станува збор за божикни празници.
Особено интересна беше и реакцијата на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој седеше веднаш до Села, а кој не можеше да издржи за да не се насмее по направениот лапсуз.
Во продолжение, погледнете го видеото: