ДУИ и СДСМ се исти горе-долу, бидејќи станаа како сијамски близнаци. Вака ги нарече лидерот на албанската опозиција Зиjадин Села коалициските партнери во извршната власт во неговото гостување во емисијата „Политика“ на ТВ Глоби.
– Двете страни се партнери во Владата. Овој другиот, (Заев) е најголемиот измамник во земјата. Неговиот збор во јавноста и не е збор за било кој од граѓаните, мислам дека на сите им се свежи неговите зборови од оние прес-конференции за страшната вистина за „Монструм“, а денес повторно го гледаме како игра политички на грбот на неколку семејства кои трпат последици , било оние семејства на децата кои беа убиени, или на оние семејства чии членови можеби неправедно се влечат по судовите и им се суди повторно со што ги зголемуваат нашите дилеми за правдата – рече Села.