Села до Хоти: ПЦР тестовите за Косовците се корона политика мотивирана од стравот од изборите

1,135

Преку објава на социјалната мрежа Твитер претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села се обрати до премиерот на Република Косово, Авдалах Хоти, за да побара разбирање во врска со одлуката на владата на Македонија која бара од граѓаните на Косово да имаат негативен тест ПЦР за да го поминат граничниот премин меѓу двете држави, соопшти Алијанса за Албанците.

Села пишува дека мерките што ги спроведува владата на  Македонија против граѓаните на Косово на заедничките гранични премини се корона политика мотивирана од стравот од изборите.






Села го моли Хоти за разбирање и за непреземање на слични мерки против граѓаните на Македонија затоа што со тоа би се казниле граѓаните на двете држави, особено  иселениците, кои се соединуваат со своите семејства во овој момент.

– На 26 јуни Македонија ги отвори границите безусловно, т.е. без PCR тест за коронавирус, па дури и за 14-дневна изолација. По силната политичка поддршка што дојде од Приштина за Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива и која се очекуваше да кулминира во текот на последните денови од кампањата, владата на Македонија ги врати мерките за негативен ПЦР тест за граѓаните на Република Косово и некои други соседни земји со сомнителни епидемиолошки оправдувања – велат од партијата.

 

Поврзани содржини