🎥 СЕКУЛАРНА ДРЖАВА НЕ ЗНАЧИ АТЕИСТИЧКА ДРЖАВА, АМА КАЈ НАС СЕ ИЗМЕШАНИ ЛОНЧИЊАТА Архимандрит Иринеј од МПЦ-ОА во поткастот на Плусинфо

Црквата не ја сочинуваат само луѓето во мантија, туку црквата ја сочинуваат сите крстени луѓе. Слободно може да се каже дека секој крстен христијанин на извесен начин е во еден чин. Веќе тој носи една одредена одговорност, вели архимандрит Иринеј.

2,347

Во првата епизода од едицијата „Бог и рокенрол“ со Мартин Богатиноски којашто се емитува на поткастот на Плусинфо ни гостуваше архимандрит Иринеј (Стефановски) од Македонската православна црква (МПЦ-ОА).

Со него разговаравме на повеќе црковни и општествени теми: за атеизмот во Македонија, за почитта кон луѓето во мантија, за духовноста, за тоа како треба да изгледа и какви особини треба да поседува идниот претседател на државата…






– Црквата не ја сочинуваат само луѓето во мантија, туку црквата ја сочинуваат сите крстени луѓе. Слободно може да се каже дека секој крстен христијанин на извесен начин е во еден чин. Веќе тој носи една одредена одговорност. Затоа и во црковните правила и канони, како што свештеникот има свои обврски и одговорности, така има и верникот. Не е убаво гледањето кога луѓето сметаат дека црквата ја сочинуваат само луѓето во мантија. Сметам дека тоа не е точно гледање на работите. Ние што сме свештенослужители сме поставени да служиме на олтарот божји, но исто така и секој еден христијанин е на еден начин служител на олтарот на своето срце – вели, меѓу другото, архимандрит Иринеј.

Во продолжение, погледнете го видеото, и секако, преплатете се на нашиот YouTube канал доколку ви се допаѓаат содржините што ви ги нудиме.

Поврзани содржини