СЕКСУАЛНИТЕ ПРЕСТАПНИЦИ ЗАСЛУЖУВААТ КАЗНА, НО И ГРИЖА Папата Франциск потсетува каква треба да биде христијанската љубов

Минатата недела папата ја пофали работата на меѓународната комисија на Ватикан за спречување на сексуална злоупотреба и ја охрабри да продолжи, по неодамнешната оставка на висок член, кој ја обвини за недоволна транспарентност.

87

Сексуалните престапници се „непријатели“ кои треба да бидат судени и казнети, но сепак заслужуваат христијанска љубов и грижа, бидејќи сепак се Божји деца, рекол папата Франциск во приватен разговор со језуити додека беше во посета на Унгарија, а неговата изјава беше објавена вчера во италијанското издание „Сивита Католика“.

„Насилникот е непријател. Секој од нас го чувствува тоа, како што чувствуваме сочувство за страдањата на жртвите, дури и во разговорот со насилникот постои одвратност, не е лесно. Но, и тие се Божји деца. Тие заслужуваат казна, но заслужуваат и грижа“ – се вели во изјавата на папата Франциск.






Минатата недела тој ја пофали работата на меѓународната комисија на Ватикан за спречување на сексуална злоупотреба и ја охрабри да продолжи по неодамнешната оставка на висок член, кој ја обвини за недоволна транспарентност.

Поврзани содржини