И во новата верзија на серијата „Сексот и градот“ ќе ги гледаме Сара Џесика Паркер како Кери Бредшо и Крис Нот во улогата на Ѕверка, за што сведочат бројни фотографии од снимањето кое е во тек.
Најголемо внимание привлече фотографија која на Инстаграм ја објави Нот, од која се гледа како завршил во кревет со Сара Џесика Паркер.
„Како во старите денови“, напиша актерот, на што Сара Џесика Паркер даде коментар: „Преспавме. Повторно“.