Популарната серија „Сексот и градот“ ќе добие уште една сезона, а продукцијата сега претстави и тизер за новата сезона наречена „And just like that…“
Веќе е потврдено дека американската серија „Сексот и градот“ ќе добие уште една сезона, а продукцијата, со претставувањето на трејлерот, реши да открие уште неколку детали за новите епизоди.
Во новите епизоди ќе се појават Сара Џесика Паркер, Ситнија Никсон и Кристин Дејвис, без Ким Картал, која ја толкуваше Саманта Џонс.
Продуцентите открија дека новата сезона носи 10 епизоди и секоја од нив трае по половина час.
Новата сезона се вика „And just like that…“, а актерките веќе споделија кратка најава за новите епизоди на своите социјални мрежи. Сара Џесика Паркер кратко со видеото напиша:
„Не можев да не се запрашам, каде ли се сега?“, напиша Сара Џесика Паркер покрај објавеното видео на Инстаграм.
Продукцијата објави дека оваа сезона ќе го следи животот на три 50-годишни жени во Њујорк, односно нивните врски, пријателства, кариери.
View this post on Instagram