Колумбиската пејачка Шакира секогаш важела за една од најсексапилните пејачки на светската сцена. Таа е родена и порасната во Баранкила, Колумбија.
Шакира е препознатлива по својот необичен стил на танцување како во нејзините спотови, така и на сцена.
Сексапилната пејачка овој пат одлучила на својот инстаграм-профил да се пофали со новите бикини и да го покаже своето совршено тело. На фотографијата со бикинито најголемо внимание привлече задникот на пејачката.
„Самата го дизајнирав овој нов костим за капење, а го направи еден мој пријател. Секое лето имам потреба да создадам нов“, напиша таа во описот на фотографијата.
„Запалените“ обожаватели веднаш ја опсипаа со комплименти под објавата на фотографијата.
„Убава си“, „Убавице, ме маѓепса“, „Какво тело“, „Те обожавам“, беа бројните коментари.
ФОТО: Инстаграм