🎥📷 СЕКСИ СЕСТРИ ВО КАМПАЊА ЗА ДОЛНА ОБЛЕКА Еве како Кајли Џенер и Ким Кардашијан ја промовираат новата секојдневна памучна колекција на Скимс

Ким Кардашијан ја ангажираше нејзината сестра Кајли Џенер како заштитно лице на новата линија „Евридеј котон“ од брендот „Скимс“. Во промотивното видео, и самата облечена во памучната долна облека од својот бренд Ким рече: Порано не носев долна облека....

560

Сестрите од семејството Кардашијан се поддржуваат меѓусебе секогаш кога некоја од нив има потреба од промоција на нивните брендови, па овојпат, Ким Кардашијан ја ангажираше нејзината сестра Кајли Џенер како заштитно лице на новата линија „Евридеј котон“ од брендот „Скимс“.

Колекцијата вклучува памучна долна облека наменета за секојдневна употреба.






Кајли Џенер во рамки на кампањата позира во неколку минималистички комбинации, кафен и бел сет од градници и килоти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SKIMS (@skims)

Фотографиите од снимањето Кајли ги сподели и на својот Инстаграм профил и напиша: „me for @skims everyday cotton“ (Јас за скимс секојдневен памук).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SKIMS (@skims)

Некои од обожавателите кои коментараа под фотографиите се осврнаа и на нејзината врска со актерот Тимоти Шаламе, нарекувајќи го „среќник“.

Инаку, ова не е прва соработка меѓу сестрите во рамки на кампањите на брендот „Скимс“. Уште при лансирањето на брендот во 2019 година, Кајли Џенер учествуваше во кампања за боди за обликување на телото, а во 2021 година им се придружи и на останатите сестри во специјалната колекција за Денот на вљубените.

Во промотивното видео за новата линија, секако, вклучена е и Ким Кардашијан која позира во гаќички со висок струк и соодветен градник и вели: „Може ли да ви кажам една тајна? Порано никогаш не носев долна облека. Но ‘Скимс’ го промени тоа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SKIMS (@skims)

Паралелно со оваа кампања, Кајли Џенер работи и на заеднички проект со сестра ѝ, комбинирајќи ги брендовите „Лем“ и „Кајли козметикс“, со што семејството Кардашијан уште еднаш го потврдува својот силен бизнис-модел заснован на меѓусебна поддршка.

Поврзани содржини