📷 СЕКСАПИЛНИОТ БАЛИ БЕГ ПОВЕЌЕ НЕ ИЗГЛЕДА ИСТО Ниту трага од она што ги залуде Македонките
Еден од најпознатите турски актери, Бурак Озџивит, кога се појави на малите екрани, ги полуде жените во регионот, вклучително и Македонија.
Еден од најпознатите турски актери, Бурак Озџивит, кога се појави на малите екрани, ги полуде жените во регионот, вклучително и Македонија.
Речиси и да не постои личност на која познатиот Бали бег не и беше омилен лик.
Турскиот актер Бурак Озџивит ја стекна најголемата популарност токму со својата улога во турската хит серија „Сулејман Величествениот“, а благодарение на својот атрактивен изглед и убавина, набрзо освои голем број жени.
View this post on Instagram
Негов заштитен знак од првиот ден беа густите црни мустаќи, а потоа ги шокираше сите со најновите фотографии.
Бурак го објави своето селфи на кое е сосема поинаков маж. Ги избричил брадата и мустаќите, ша го покажа својот нов изглед.
View this post on Instagram
Не е познато дали актерот го направил ова за потребите на некоја улога или само сака да направи промена, меѓутоа, поголемиот дел од публиката се надева дека ова, сепак, ќе биде привремено.
View this post on Instagram
„Зошто“, „Го сакаме твојот стар изглед“, „Мустаќите се твој заштитен знак“, „И вака изгледаш одлично, но сепак…“, беа само дел од коментарите.
Бурак Озџивит со години ужива во љубовта и среќниот брак со својата колешка Фахрије Евџен. Двајцата се запознаа во 2013 година во текот на снимањето на серијата „Љубовен дневник“, а се венчаа во 2017 година.
View this post on Instagram