Настапот на кандидатот Г-дин Чери кој со задникот крши ореви станаа вирален хит. Но, не поради натпреварувањето, туку заради Софија Вергара (43) која му се придружила на сцената.
Софија го прашала натпреварувачот веднаш по настапот дали е навистина тешко да се направи тоа со оглед на леснотијата со која тој го извел. На ова, членовите на жирито ѝ рекле дека треба сама да се обиде за да се увери.
Откако била охрабрена од членката на жирито, манекенката Хајди Клум, Софија се качила на сцената.
Асистентката на Г-дин Чери ја прашал славната актерка која страна од задникот ѝ е посилна.
– Не знам, никогаш не сум размислувала за тоа – одговорила Софија.
Одлучила да се обиде да го скрши оревот со левата страна, но наскоро испуштила болен крик и извикала: „Ова навистина боли!“
Сите се смееле, а Софија ја напуштил сцената триејќи болно место на задникот.
ФОТО: Youtube/Talent Recap