Секс скандал ја тресе Британија: Министерот за здравство уловен во страствен бакнеж со колешка ВИДЕО
„Сан“ објави видео во кое, според таблоидот, Хенкок и Џина биле фатени како се бакнуваат во неговата канцеларија. Снимката е наводно направена минатиот месец.
Министерот за здравство на Британија, Мет Хенкок е снимен како ја бакнува својата колешка Џина Коладанџело и е на удар на критики поради љубовната афера, но и за кршење на мерките воведени за спречување на пандемијата.
„Сан“ објави видео во кое, според таблоидот, Хенкок и Џина биле фатени како се бакнуваат во неговата канцеларија. Снимката е наводно направена минатиот месец.
– Прифаќам дека ги прекршив упатствата за социјална дистанца во овие околности. Разочарав многумина и многу ми е жал – рече британскиот министер за здравство, цитиран од Sky News.