Секретарот од Охрид кој се вакцинираше: Не знам зошто е злоупотреба, тоа е позитивен чекор!
Од Министерството за здравство разврска на настанот најавуваат во текот на утрешниот ден, додавајќи дека ќе се ревидираат сите испратени списоци на лица за вакцинација во првата фаза.
Проговори и секретарот на болницата во Охрид кој се вакцинирал, а за кој надлежните велат дека не е дел од планот за имунизацијата во Македонија.
– Јас се согласувам дека приоритет треба да има медицинскиот персонал и јас само се пријавив на списокот како лице кое сака да биде вакинирано, од причина што претставувам еден од највисокиот орган во установата и да дадам пример дека тааа вакцина треба да ја примиме сите и дека е во корист на Охрид за побрза имунизација и затоа јас доброволно се пријавив да ја примам. Не знам зошто тоа е злоупотреба, мислам дека тоа се позитвиен чекор, кој ќе влијае на цела околина, бијдејќи голем дел од луѓето се скептици за примање на вакцината од нејзините последните. Така што мислам дека нештото е преудицирано, за различни други тези. Мислам дека тука повеќе има вмешано политика отколку што има реален проблем. Јас не гледам причина и можност да бидам казнет, бијдеќи јас како сум пријавен на списокот, само си отидов и се вакицнирав, ниту скришно, ниту тајно, напротив многу јавно и транспарентно. На сите им кажав дека ќе се вакцинирам – вели во изјава за Сител, Антонио Наумовски – секретар од општата болница во Охрид.
Од Министерството за здравство разврска на настанот најавуваат во текот на утрешниот ден, додавајќи дека ќе се ревидираат сите испратени списоци на лица за вакцинација во првата фаза.
Премиерот Заев пак рече дека ќе има санкции со цел ова во иднина да не се повтори.