Секои 17 секунди умира по еден човек од ковид-19 во Европа
Ако минатата недела починале 29.000 луѓе, тоа значи дека едно лице умира на секои 17 секунди во Европа од коронавирус. Во моментов, околу 4.500 луѓе умираат секој ден. Само во ноември беа регистрирани повеќе од четири милиони нови случаи - предупреди Клуге.
На секои 17 секунди во Европа умира еден човек од ковид-19 предупреди Ханс Клуге, директор на Светската здравствена организација за Европа.
Тој нагласи дека повеќе од четири милиони нови случаи на инфекција се регистрирани само во ноември.
Досега во Европа починале околу 355.000 луѓе, а регистрирани се близу 16 милиони случаи на инфекција со коронавирус, рече Ханс Клуге.
Тој исто така нагласи дека бројот на смртни случаи се зголемил за 18% во претходните две недели.
– Ако минатата недела починале 29.000 луѓе, тоа значи дека едно лице умира на секои 17 секунди во Европа од коронавирус. Во моментов, околу 4.500 луѓе умираат секој ден. Само во ноември беа регистрирани повеќе од четири милиони нови случаи – предупреди Клуге.