„СЕКОГАШ И СЕКАДЕ!“ Единицата за брзо распоредување одбележа 20 години постоење

ЕБР е формирана во 2001 година со специјални полициски задачи и области на делување.

347

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при Министерството за внатрешни работи е единица која по својот состав, улога, професионални специфики претставува клучна алка во остварување на полициските цели на безбедноста, а тоа е заштита на сигурноста, слободите, правата, материјалните добра на граѓаните, како и заштита на правниот поредок, на јавниот ред и мир, овозможувајќи внатрешна сигурност и стабилност на државата.

Ова го нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во денешното обраќање на пригодната свеченост, по повод одбележувањето 20 години од нејзиното формирање, што се одржа во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ во Скопје, а каде пред присутните гости се обратија и премиерот Зоран Заев и командантот на ЕБР, Вице Столески.






– Општо е уверувањето дека сите нејзини припадници од 2001 година, кога е формирана Единицата, па  до денес, преку своите активности, трансформации, вложен труд, врвни обуки, професионализам и постигнати видливи резултати, сето тоа недвосмислено го докажаа и покажаа, овозможувајќи оваа полициска организациона единица да биде она што е денес: суштински неопходна полициска формација, особено во делот на она што значат посебни и специјални полициски задачи и области на делување во оној севкупен концепт на европски полициски систем на безбедност, кон кој што целиме и интензивно го градиме во изминативе неколку години – рече Спасовски.

И токму заради тоа, рече тој, а свесни за важноста на ваквиот вид полициска служба, нужно сме насочени кон натамошно континуирано внимание и грижа за развојот и работата на ЕБР, се разбира, поаѓајќи од примарниот мотив да ги постигнеме и одржиме оние највисоки европски и светски полициски стандарди во доменот на функционирањето и работата на полициските формации од овој тип.

Спасовски рече дека во овие времиња на исклучително сериозни глобални и општествени предизвици, токму припадниците на ЕБР беа и се во првите редови на системското спречување, заштита и превенција  од ковид- 19.

– Во градењето на актуелниот особено позитивен статус што македонската полиција го ужива не само дома, туку и како респектабилен партнер, активно анагажирана во мноштвото регионални и меѓународни иницијативи, операции, проекти, во мноштво области од безбедносната сфера, заслугата ја имаат сите полициски служби, вклучително и Единицата за брзо распоредување, чиј слоган не случајно гласи:„Секогаш и секаде!“- рече Спасовски.

Премиерот Заев  потенцира дека досегашните резултати на Единицата и на сите нејзини припадници се вградени во актуелниот статус што македонската полиција го ужива како признаен и респектибилен партнер на граѓаните.

– Заради сите овие постигнувања во текот на изминатите 20 години, убеден сум дека ЕБР ќе продолжи и во наредните децении да се развива како високо мотивирана, врвно организирана и профеисонална служба, која заедно со сите останати сегмени на нашиот бебзендосен систем ќе биде гарант за јавниот мир и за безбедноста на граѓаните, според моделите на сродните европски полициски единици – рече тој.

Командантот на ЕБР, Вице Столески осврнувајќи се на нејзиниот раст и развој од батаљон во единица, потенцира дека ЕБР значи и зголемување на капацитетите, организациската структура, а со искуството собрано низ годините, како и преку соработка со сродните полициски единици во Европа и во светот, оваа Единица се карактеризира со целосна подготвеност да одговори на  сите зададени полициски задачи, независно од нивната сложеност, самостојно, но и во координација со другите единици. ЕБР, потенцира, прерасна во високо специјализирана полициска единица, во чии рамки се воспоставени високи специфични, стручни и професионални критериумите за сите нејзини праипадници од сите аспекти, физички, ментален, здравствен, образовен и технички.

Со едноминутно молчење денеска им беше оддадена почит на сите загинати припадници на ЕБР, чија храброст и жртва при извршување на полициските задачи никогаш нема да бидат заборавени, а нивните дела оставиле длабока трага во разовјо тна еидницата, но и обврска за сите да продолжат на патот кон подобар, посигурен и безбеден живот на сите граѓани на РС Македонија.

Поврзани содржини