СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА Божиновска порача дека тоа никој не смее да ѝ го оспори

Не се вратив дома за да се мешам во политички игри, се вратив да го вложам моето знаење и искуство во енергетиката како специфична и тешка проблематика. На сите на кои им сметаат нашите стратешки планови за воведување на ред во оваа област им упатувам порака дека овие лични напади нема да ме поколебаат во мојата намера за воведување на ред во оваа област во која минатите години владееше хаос и комплетен криминал, вели министерката за енергетика.

519

Министерката за енергетика Сања Божиновска преку статус на својот профил на Фејсбук истакна дека е родена во Скопје, дека е Македонка и секогаш ќе биде Македонка и тоа никој ниту може, ниту смее да и го оспори.

Нејзината порака е реакција на прашањата кои деновиве и ги поставува опозицијата и некои новинари, дали се чувствува како Македонска и дали има бугарска самосвест.






„Сите други зајадливи коментари, чудни прашања и погрешно толкувани одговори ќе ги разберам и прифатам како цена на моето скромно и мало политичко искуство.

Не се вратив дома за да се мешам во политички игри, се вратив да го вложам моето знаење и искуство во енергетиката како специфична и тешка проблематика.

Секогаш мислев дека личните напади и конструкции не се добри во било кои меѓучовечки односи.Повторувањето на овие напади одговара на луѓе на кои им пречи активното занимавање на Владата со проблемите во областа која јас ја раководам. Им одговара заборав на се што направиле и слепило од државата за се што сакаат да направат.

Затоа повторувам, Македонка сум и не дозволувам тоа да ми биде спорено“, напиша Божиновска.

Таа истакнува дека покрај македонското, поседува и чешко државјанство затоа што долги години живеела и работела во Чешка.

„За мене најзначајно е да изградиме и почнеме да имплементираме долгорочна енергетска стратегија, а тоа значи:
– да ја прекинеме корупцијата во енергетскито систем;
– да ги откриеме сите оние кои во минатото се збогатија на грбот на скапите сметки платени од граѓаните;
– да расчистиме со огромниот долг од 60 милиони евра на државата кон снабдувачите, до сега пред граѓаните лажно претставуван како субвенција;
– да ги откриеме и прекинеме криминалите со набавките во електро-енергетските објекти, РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино и други;
– да ги прекинеме преплатените тендери за надворешни компании;
– да ги запреме чудните донации од МЕПСО и ЕСМ кон фитнес студија, спортски друштва и невладини организации;
– да обезбедиме силно, одржливо и евтино домашно производство на електрична енергија;
– да обезбедиме енергетска ефикасност и инвестиции во обновливи извори;
– да ја направиме електричната енергија конкурентна предност на домашното стопанство.

На сите на кои им сметаат нашите стратешки планови за воведување на ред во оваа област им упатувам порака дека овие лични напади нема да ме поколебаат во мојата намера за воведување на ред во оваа област во која минатите години владееше хаос и комплетен криминал“, порача министерката за енергетика.

 

Поврзани содржини