Секое семејство во САД ќе добие по 3.000 долари поради коронавирусот

Ова денеска за телевизијата „Фокс Њуз“ го изјави Стивен Мнучин, министер за финансии.

3,907

Американските федерални власти размислуваат да доделат по 3.000 долари на секое четиричлено семејство, и неповратни заеми за малиот бизнис во тек на две недели како мерки за поддршка на економијата во екот на епидемија на коронавирусот во САД.

Ова денеска за телевизијата „Фокс Њуз“ го изјави Стивен Мнучин, министер за финансии.






– Парите на семејствата ќе бидат исплатени со директни депозити на сметка во банка или во форма на чек (по пошта). Заемите за малите бизниси ќе бидат неповратни, како заштитна мерка на паричниот промет во тек на две недели, за компаниите да можат да исплатат плати на работниците и за други трошоци – изјави Мнучин.

Тој истакна дека вкупната помош за економијата на САД ќе биде во висина од 4.000 милијарди долари, сума без преседан што досега никогаш не била исплатена за време на криза. На вонредна седница, Конгресот денеска дискутира за пакетот мерки, и според Мнучин, пакетот треба да бидат изгласан утре.

– Мораме да ги пуштиме парите во оптек, и ако го сториме тоа, сметаме дека економијата ќе се стабилизира. Претседателот со право очекува ситуацијата да се подобри за четири до осум недели од сега – изјави тој.

Toj dодаде дека финансиската криза нема да трае со години и „ќе направиме се да победиме оваа година“.

Поврзани содржини