СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО СЕ ЗАДОЛЖИ ЗА 77.500 ДЕНАРИ Мицкоски тврди дека долгот е зголемен за 630 милиони евра
Проектираниот бруто домашен производ за 2021 година беше 11,714 милијарди евра што значи дека во годината на локални избори власта го зголемила долгот за околу 5,14%, а секое четиричлено семејство го задолжила за 1.260 евра или за 77.500 денари, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Нов долг за секое четиричлено семејство од 77.500 денари за само една година, реагираше на Фејсбук лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Како ја завршивме економски 2021 година: Приходи во буџет околу 3,55 милијарди евра. Расходи во буџет околу 4,18 милијарди евра. Разликата помеѓу буџетските расходи и приходи изнесува околу 0,63 милијарди евра или нов долг за македонските граѓани од 630 милиони евра. Проектираниот бруто домашен производ за 2021 година беше 11,714 милијарди евра што значи дека во годината на локални избори власта го зголемила долгот за околу 5,14%, а секое четиричлено семејство го задолжила за 1.260 евра или за 77.500 денари“, реагираше Мицкоски.