📷 СЕКОЈ ЗДИВ МУ Е БОЛКА Животот на 37-годишниот Бране Марковски е во наши раце
Се прифаќаат донации од Македонија и од странство, преку картичка, PayPal, Apple Pay, Google Pay, Revolut – без разлика во која валута.
Бране има само 37 години. Возраст во која многумина ги градат своите домови, семејства и животи. Тој веќе го започнал тој пат – со својата сакана Марија сонува заеднички утра, деца, мир и љубов. До пред неколку месеци бил активен, спортувал, работел, планирал. А денес… денес секој здив му е борба. Секој чекор – подвиг.
Дијагнозата што ја добил во еден миг го срушила целиот негов свет: карцином на белите дробови и тумор на црниот дроб. Болестите се агресивни, а состојбата се влошува со секој изминат ден. Телото му слабеe, стомакот му се полни со вода, дише тешко, се движи со мака.
– Сè ми се смени за еден момент. Животот ми избега од раце. Но не сакам да се откажам – вели Бране.
Татко му ја изгубил истата битка. Сега покрај него се мајка му, брат му и Марија – тие се неговата сила и поддршка, но не можат да направат сè сами. За да има шанса да преживее, мора итно да замине за Турција – каде што го очекуваат детални испитувања и подготвителна терапија. Ова е првиот чекор кој мора да го направи до 10 јуни.
– Имам надеж. Имам за кого да живеам – додава тој.
За оваа прва фаза се потребни 21.000 евра – средства што неговото семејство не може да ги обезбеди само. Колку ќе трае и ќе чини понатамошното лекување – никој не знае. Но без оваа почетна фаза, надежта ќе згасне.
Бране е голем борец. Со достоинство, со болка, со трпение. Но веќе не може сам.
Затоа се обраќа до јавноста, до сите хумани луѓе, со едно единствено барање: помош.
Секој може да помогне – со донација, со споделување, со збор на поддршка. Секој придонес е чекор кон живот. Секоја споделена објава е можност повеќе.
Донирајте брзо, лесно и безбедно преку овој ЛИНК.
Се прифаќаат донации од Македонија и од странство, преку картичка, PayPal, Apple Pay, Google Pay, Revolut – без разлика во која валута.
Времето тече. А животот на Бране виси на конец.
Да му помогнеме. Да му дадеме шанса. Да не дозволиме уште еден млад живот да згасне предвреме.
Животот понекогаш зависи од туѓа добрина. А таа добрина, денес, може да сте вие.