СЕКОЈ ТРЕТ ПРЕЛЕЖАН ПАЦИЕНТ ИМА ПРОБЛЕМИ Нова студија на американските стручњаци за коронавирусот
Одделот за здравство и социјални услуги во Лонг Бич интервјуираше 366 луѓе, на возраст од 18 години и повеќе, случајно избрани од две тест групи откако добиле позитивен тест помеѓу 1 април и 10 декември 2020 година.
Студија спроведена во Лонг Бич, Калифорнија, покажа дека една третина од оние кои биле позитивни на коронавирусот пријавиле барем еден симптом на болеста четири или повеќе недели по позитивниот тест, пренесува Гласот на Америка.
Според ЦДЦ, симптомите на болеста биле полоши кај жените, Афроамериканците, постарите од 40 години и оние со претходни здравствени проблеми.