Секој трет Црногорец верува дека 5Г шири корона

Телефонската анкета на 821 граѓанин, која ја направиле од „Ипсос“, со поддршка од УНИЦЕФ и од Британската амбасада во Подгорица покажала и дека тоа почесто се луѓе кои немаат интернет или не го користат, како и луѓе без високо образование. Сепак, луѓето од 18 до 44 години претежно не веруваат во овој мит.

365

Секој трет Црногорец верува дека 5Г технологијата предизвикува или шири коронавирус, покажало истражување уште во март месец, јавува Вјести. Токму 31 отсто од Црногорците веруваат дека 5Г е добро прикриена завера со која операторите добро ќе заработуваат, а поголем дел од нив одбиваат вакцина за себеси или за своето дете.

Телефонската анкета на 821 граѓанин, која ја направиле од „Ипсос“, со поддршка од УНИЦЕФ и од Британската амбасада во Подгорица покажала и дека тоа почесто се луѓе кои немаат Интернет или не го користат, како и луѓе без високо образование. Сепак, луѓето од 18 до 44 години претежно не веруваат во овој мит.






„Дека е потребно да се зајакне културата на дијалог во кој луѓето разменуваат различни мислења во пријателска атмосфера, ги анализираат и не ги осудуваат оние кои имаат поинаков став, говори и фактот дека во оваа теорија на заговор почесто веруваат граѓани кои не ги споделуваат своите политички ставови“, пишува во соопштението.

УНИЦЕФ предупреди дека во Црна Гора мора да се врати довербата на граѓаните во институциите, бидејќи повеќето од овие граѓани кои веруваат дека 5Г шири корона, се луѓе кои не се сигурни дали да му веруваат на својот лекар, или воопшто, на науката.

Во Црна Гора вчера имало 19 нови заболени, а вкупно 121 активен заболен од коронавирус.

Поврзани содржини