МАРИХУАНА И ЕКСТАЗИ – На 07.10.2020 околу 20.45 часот, во гостиварско Здуње, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода В.С.(23) од Гостивар, затоа што при преглед кај него биле пронајдени марихуана и таблети екстази. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде изготвен поднесок.
АПСЕЊЕ НА „ТУРИСТИЧКА“ ВО ОХРИД – На 07.10.2020 на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.М.(45) од Охрид, затоа што при преглед во патничко возило „фиат мареа“, со струшки регистарски ознаки, во кое се наоѓал, биле пронајдени марихуана и семки од канабис сатива. Н.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
УАПСЕН КРАДЕЦ – На 07.10.2020 околу 02.00 часот во Кавадарци, при извршување на тешка кражба на дрзок начин, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го фатиле и од слобода го лишиле Џ.А.(25) од Кавадарци. Покрај ова дело, во изминатиот период лицето е сторител на повеќе кривични дела. По целосно документирање на случаите, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
НАПАДНАТИ ПОЛИЦАЈЦИ – На 06.10.2020 во 23.45 часот во Македонски Брод, полициски службеници од Полициска станица Македонски Брод го лишиле од слобода В.С.(21) од Македонски Брод, затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ИЗМАМЕН СТРУЖАНЕЦ – На 07.10.2020 во 13.50 часот во СВР Скопје, Ј.К.(32) од с.Франгово, струшко, пријавил дека бил измамен од две лица во Скопје. Според пријавеното, околу 10.30 часот на подрачје на Центар едното лице го пресретнало и побарало да му помогне за превод со другото лице, за да му плати во врска со направена сообраќајна незгода. Исто така, според пријавеното, првото лице побарало од второто лице да купи часовник и заминало во банка да извади пари. Како што е пријавено, со изговор дека треба да оди во болница, второто лице го оставило часовникот на Ј.К. и му побарало пари. Според пријавеното, Ј.К. му дал 250 швајцарски франци, 100 американски долари и 100 евра, по што лицето заминало. По одредено време двете лица не се вратиле, по што Ј.К. заклучил дека го измамиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – На 06.10.2020 околу 23.00 часот во Кочани, полициски службеници од Полициска станица Кочани го лишиле од слобода А.С.(23) од Кочани, затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ИСТЕПАН ПОЛИЦАЕЦ – На 07.10.2020 во 12.10 часот на место викано „Компосара“ на магистралниот пат Делчево – Штип, атар на Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода Е.А.(29) од Виница, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ЌЕРКАТА ЈА ИСТЕПАЛА МАЈКАТА – На 08.10.2020 во 02.30 часот во СВР Скопје, 63-годишна жена од скопско село пријавила дека на 07.10.2020 околу 22.30 часот, по претходна расправија, физички била нападната од нејзината 40-годишна ќерка, при што ѝ била нанесена тешка телесна повреда, констатирана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
АГРЕСИВНИ СО ПОЛИЦАЈЦИТЕ – На 07.10.2020 во 12.20 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш.(22) од с.Студеничани, скопско. При преземање мерки против него, Х.Ш. почнал да се однесува агресивно кон полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
АГРЕСИВЕН СКОПЈАНЕЦ – На 08.10.2020 околу 03.00 часот на ул.„Благоја Паровиќ“ во Скопје, Д.Ф.(31) од Скопје се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Се работи на расчистување на случајот.
УДРИЛ ПОЛИЦАЈЦИ – На 07.10.2020 во 16.40 часот на подрачје на Полициската станица Центар, полициски службеници го лишиле од слобода И.С.(34) од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 08.10.2020)