СЕКОЈ ПРСТ НА РАКАТА Е ПОВРЗАН СО ОДРЕДЕН ОРГАН Јапонска техника на лекување со стимулација на прстите
Ако треба да дејствувате на некој орган, фатете го прстот со другата рака и држете го 3-5 минути. За тоа време, дишете длабоко. Можете да направите општа хармонизација на вашето тело со тоа што ќе го повторите ова со секој прст на раката.
Џин сон џицу – е древна форма на јапонска уметност на лекување, која помага во балансирање на емоциите, благодарение на стимулацијата на точките на рацете. Основата на ова учење се заснова на следниот принцип – секој прст на раката е поврзан со одреден орган на кој му одговара и одредена емоција.
Ако треба да дејствувате на некој орган, фатете го прстот со другата рака и држете го 3-5 минути. За тоа време, дишете длабоко. Можете исто така да направите општа хармонизација на вашето тело со тоа што ќе го направите ова со секој прст на раката.
Еве како органите се поврзани со прстите на раката:
ПАЛЕЦ
Органи: желудник и слезина.
Емоции: анксиозност, депресија и загриженост
Физички симптоми: абдоминална болка, проблеми со кожата, главоболка, невроза.
ПОКАЗАЛЕЦ
Органи: бубрези и мочен меур
Емоции: разочарување, страв и збунетост.
Физички симптоми: болки во мускулите, болки во грбот, забоболка, пречки во варењето.
СРЕДЕН ПРСТ
Органи: црн дроб и жолчен меур.
Емоции: неодлучност, лутина, раздразливост.
Физички симптоми: проблеми со циркулацијата, менструални грчеви, проблеми со видот, замор, фронтална главоболка, мигрена.
ДО МАЛИОТ ПРСТ
Органи: бели дробови и дебело црево.
Емоции: негативност, тага, страв од отфрлање.
Физички симптоми: зуење во ушите, респираторни проблеми, астма, кожни болести, дигестивни проблеми
МАЛ ПРСТ
Органи: срце и тенко црево
Емоции: грижа, вознемиреност, нервоза, недостаток на самодоверба
Физички симптоми: срцеви заболувања, болки во грлото, надуеност, проблеми со коските.