Секој петти мигрант не го завршува патот кон Европа

Глобалниот број на смртни случаи во сите миграциски токови од почетокот на јануари изнесува речиси 3.200, во споредба со 5.300 во целата минатата година,

166

Речиси 1.800 мигранти годинава ги загубија своите животи на патиштата за Европа или во рамките на Стариот континент, и покрај ограничувањата на границата поради пандемијата со ковид-19, наведе Меѓународната организација за миграција (ИОМ), пренесе ДПА.

Бројката, што е еднаква на пет смртни случаи дневно, е пониска од минатогодишната бројка на смртни случаи на мигрантите во Европа од 2.200.






Глобалниот број на смртни случаи во сите миграциски токови од почетокот на јануари изнесува речиси 3.200, во споредба со 5.300 во целата минатата година, додава германската агенција.

Портпаролот на ИОМ, меѓутоа, истакна дека и покрај целокупното намалување, некои миграциски маршрути за Европа и Јужна Америка, всушност, однеле повеќе животи отколку во претходните години.

– Најмалку 593 лица загинаа додека се обидуваа да го минат Средоземното Море од Африка до шпанските Канарски острови, во споредба со 210 минатата година. Постојат сериозни животно-загрозувачки празнини во следењето на овие маршрути –  изјави портпаролот на ИОМ, Пол Дилон, на прес-конференција во Женева.

Тој ги повика владите да ги засилат операциите за пребарување и спасување на Медитеранот.

Дилон предупреди дека намалувањето на глобалните смртни случаи не мора да значи дека бројките годинава навистина се опаднати, бидејќи пандемијата му отежнува на ИОМ да собира податоци и да ги следи миграциските маршрути.

Поврзани содржини