СЕКОЈ НОВИНАР ЈА ИМА НАШАТА ПОДДРШКА ВМРО-ДПМНЕ осудува напад врз полицајци

160

ВМРО-ДПМНЕ излре со соопштение за јавноста откако попладнево беше уапсен новинарот Фуркан Салиу, Од партијата велат дека ја бранат и во целост ја почитуваат новинарската дејност и слободата на новинарите да известуваат и пишуваат за настаните и темите од јавен интерес, без какви било пречки.

„Секој еден новинар ја има нашата поддршка. ВМРО-ДПМНЕ не поддржува насилство, и осудуваме било каков напад врз службено лице на МВР. Тоа треба да се осуди од сите чинители и доколку се потврди дека тоа е сторено, тогаш сторителот треба да ги сноси сите последици согласно законите и Уставот.






Бараме целосно да се расветли случајот со приведувањето на новинарот Фуркан Салиу и да се почитуваат сите негови права и слободи како новинар“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини