СЕКОЈ НОВ НАТПРЕВАР МОЖЕ ДА Е МОЈОТ ПОСЛЕДЕН Меси срамежливо најавува крај на кариерата?

Вистината е дека не одредив датум или рок, само уживам во сето тоа. Многу сум среќен што сум во националниот тим и ја чувствувам љубовта на луѓето, бидејќи знам дека секој натпревар може да биде мој последен, изјави Лионел Меси.

220

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси изјави дека ужива да игра за националниот тим и има намера да игра за неа се додека здравјето му дозволува.

– Навистина е убаво да се почувствува енергијата на луѓето кои го скандираат моето име од возбуда… Сите ги сакаме овие моменти што ги имаме со години и врската со луѓето. Сакам да бидам тука, да играм за Аргентина. Тоа ме инспирира, уживам, среќен сум што сум покрај моите соиграчи, и покрај мојата возраст. Кога сум во репрезентацијата се чувствувам како дете. Затоа што се чувствувам удобно и се додека можам да му помогнам на тимот, ќе уживам – го цитира Меси „TyC Sport“.






Аргентинецот одговори и на прашање кога би сакал да ја заврши репрезентативната кариера.

– Вистината е дека не одредив датум или рок, само уживам во сето тоа. Многу сум среќен што сум во националниот тим и ја чувствувам љубовта на луѓето, бидејќи знам дека секој натпревар може да биде мој последен – додаде играчот.

Меси за репрезентацијата на Аргентина игра од 2005 година. Триесет и седумгодишниот напаѓач има рекордни 189 натпревари и 112 гола за националниот тим. Како дел од репрезентацијата, Аргентинецот стана светски шампион и двократен победник на Купот на Америка.

Поврзани содржини